Убиен киднаперот од Сент Џозеф

Од:

Мажот, кој вчера вооружен со огнено оружје зеде како заложници две жени и еден маж, вработени во банка во гратчето Сент Џозеф во американската сојузна држава Луизиана, застрела двајца од нив, по што полицијата отвори оган кон него и го уби.

Началникот на полицијата на Луизиана полковник Мајк Едменсон изјави дека за време на преговорите во текот на ноќта, осомничениот е идентификуван како 20-годишниот Фуаед Абдо Ахмед.

Тој за време на преговорите изјавувал ќе ги убие заложниците и силите за безбедност, кои упаднале во зградата. Тогаш Ахмед отворил оган кон двајцата заложници, по што полицијата го убила. Повредените заложници се хоспитализирани и тие се во критична состојба.

Вооружениот маж зеде тројца заложници вчера попладне во филијала на банката Тензас Стејт Банк во Сент Џозеф.

Локалната полиција соопшти претходно дека по преговори со мажот неколку часа по почетокот на инцидентот, тој се согласил да ослободи една од жените, која не била повредена и била во добра здравствена состојба.

Се претпоставува дека киднаперот работи во супермаркет во градот. Мотивот за нападот се уште не е познат.

Во Сент Џозеф живеат 1.135 жители.

Би можело да ве интересира

САД: Крај на децениската имиграциска политика позната како државјанство со право на раѓање

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро