Убиен е маж во близина на градинка, со мачета нападна полицајци

Од:

Полициски службеници во близина на францускиот град Тулон застрелаа и убија маж кој ги нападна со мачета во близина на градинка во градот Тулон, објавија денес француските медиуми.

Полициските службеници прво употребиле електричен пиштол за зашеметување, но бидејќи немало ефект, испукале шест куршуми во правец кон напаѓачот, објави Фигаро.

Полицајците дошле да интервенираат откако мажот вооружен со мачета бил забележан во близина на градинка во одделот Вар.

Кога полицијата се обидела да го уапси, тој ги нападнал.

Го застрелале во долниот дел од телото.

Ранетиот напаѓач бил пренесен во болница, каде набрзо им подлегнал на повредите.

Немал документи со себе, па засега е тешко да се утврди неговиот идентитет.

Би можело да ве интересира

Тардиф: Мора да бидеме подготвени за руски шокантен напад врз НАТО

Трамп бесен на Франција и Италија: Ќе го запаметиме ова

Цензура или демократија: Хаос и критики во Франција поради интервју со Сергеј Лавров

Мандон: САД станаа непредвидлив сојузник

Франција e погодена од силен земјотрес

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз