Убиецот на Џон Ленон и натаму во затвор

Од:

Марк Дејвид Чепмен (57), убиецот на легендарниот пејач Џон Ленон, останува во затвот.

По седми пат судот одби условно да го пушти на слобода. Чепмен се појави пред официјалните лица во Њујорк, но сите тројца членови на Одборот одлучиле да го забранат неговото пуштање од затвор.

„И покрај вашите позитивни напори за време на издржувањето на казната, вашето пуштање на слобода би го поткопало почитувањето на Законот и би ја тривијализирало трагичната загуба кои ја предизвикавте со својот гнасно, со ништо неиспоровоцирано, насилно, студено и пресметливо злосторство. Одборот го забележа вашето добро однесувње, постигнувањата во програмата и образованието, позитивните презентации, каењето, писмата за поддршка, ризикот и потребите. Се е земено предвид. Меѓутоа, условното пуштање на слобода не може да се даде само поради доброто однесување“ вака Сели Томсон, една од членовите на Одборот ја соопшти одлуката.Чепмен пукаше на пејачот од групата „Битлси“ пред неговиот дом во Менхетен во декември 1980 година. Тој е осуден на казна затвор од 20 години до доживотна.

Би можело да ве интересира

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху