Убиецот на Абе пукал со рачно изработен пиштол, се истражува дали дејствувал сам

Од:

Осомничениот за убиството на поранешниот јапонски премиер Шинѕо Абе, 41-годишниот Тецуја Јамагами признал дека пукал со рачно изработен пиштол, соопшти јапонската полиција на прес-конференција.

Јамагами изјавил дека имал огорченост кон „конкретна организација“, а верувал оти Абе е дел од неа. Тој бил невработен и со воз стигнал до Нара, градот каде беше застрелан Абе додека држеше говор.

Во неговиот дом пронајдено е и друго рачно изработено оружје, но и голем број експлозиви. Како резултат на тоа, евакуирани се луѓето што живеат во близина.

Се истражува дали Јамагами дејствувал сам.

За случајот е формирана работна група од 90 лица.

Јапонскиот премиер Фумио Кишида изјави дека нема да отстапи пред насилството и ќе ја продолжи изборната кампања, со цел да обезбеди „слободни и фер избори“ за Долниот дом на Парламентот оваа недела, објави Кјодо.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Српските специјалци го ликвидираа убиецот од Јагодина

Возилото во кое се наоѓаше јапонскиот премиер удри во полициско возило

А1он

Црна Гора бара екстрадиција на Алија Балијагиќ

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

Паника во Русија, убиец излегол на слобода и никој не знае каде е