Уапсениот „контакт“ на Амри бил опасен за германската безбедност

Од:

Тунижанецот Билал А., кој вчера беше уапсен од германските специјалци под обвинение дека контактирал со извршителот на терористичкиот напад во Берлин, Анис Амри, бил на листата на опасни лица подготвена од служби за безбедност.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, Билал А. бил пуштен на условна слобода откако во 2015 година бил уапсен под сомнеж за подготовка на „сериозни дела против државата“.

Четири недели пред нападот на божикниот панаѓур во Берлин, тој бил осуден од германски суд за кражба во продавница. Билал А., кој е на листата на полицијата како опасен припадник на салафистичка група, повторно е уапсен по информациите дека на ден пред нападот во Берлин, бил на вечера со Анис Амри и знаел за неговите намери да изврши терористички напад.

Најтиражниот германски весник „Билд“ во врска со Билал А. ги критикува германските власти и прашува зошто Тунижанецот иако бил опасен за безбедноста на Германија, не бил задржан в затвор.

Би можело да ве интересира

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени

АфД ја именуваше Алиса Вајдел за свој кандидат за канцелар на претстојните избори

Протести против АфД во Германија, полицијата употреби солзавец против демонстрантите