Уапсени три новинарки во Белорусија поради незаконско преземање содржини од државната новинска агенција

Од:

Три новинарки денеска се уапсени во главниот град на Белорусија, Минск по извршен претрес во редакциите на два независни медиуми. Новинарките се приведени бидејќи користеле материјали од државната новинска агенција БЕЛТА без да бидат претплатници.

Две од приведените новинарки работеле во порталот „Tut.By“, а третата е новинарка во новинската агенција „BelaPan“.

Двата медиуми се осомничени дека незаконски користеле услуги од агенцијата БЕЛТА без да платат за нив.

Во согласност со белоруските закони, ако новинарките Марина Золотова, Ана Калтигина и Татјана Коровенкова бидат прогласени за виновни би можеле да бидат осудени до две години затвор и на привремена забрана за занимавање со новинарство.

Издавачката куќа „Белоруска наука“ исто така е под истрага, при што е утврдено дека во 2017 и во 2018 година незаконски преземала вкупно 15.000 содржини од БЕЛТА, поради што агенцијата била значително оштетена.

Медиумите во Белорусија се под постојана контрола на власта, посебно по демонстрациите во март 2017 година, кога стотици луѓе беа уапсени.

Би можело да ве интересира

Лукашенко потпиша указ за спроведување патриотско образование во армијата

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

(ВИДЕО) Моите противници се во затвор, ама вие сте тука – Лукашенко до новинар на Би-би-си

Александар Лукашенко потврди уште еден претседателски мандат

А1он

Лукашенко: Дали ги препознавате овие избори таму во ЕУ или не, е прашање на вкус – не ми е грижа за тоа

А1он

Лукашенко: Подобро диктатура како во Белорусија, отколку демократија како во Украина