Уапсени студенти во Замбија поради учество во протест

Од:

Во Лусака, по наредба на претседателот на земјата Мајкл Сата, биле уапсени најмалку 31 студент поради протестот против владината одлука да се укинат субвенциите на основните прехранбени производи, соопшти денеска полицијата.

Стотина студенти од Замбискиот универзитет се собраа вчера пред канцеларијата на шефот на државата, барајќи од него да ги прими. Сата, кој во тоа време бил надвор од главниот град, и наредил на полицијата да ги уапси демонстрантите, а од министерот за образование побарал да ги исфрли од универзитетот.

Хакаинде Хичилема, лидер на Обединетата партија за национален развој, втора најсилна опозициска партија во Замбија, побара од Сата веднаш да ги ослободи уапсените студенти.

Тој ја обвини администрацијата на претседателот дека „не успеала да раководи со земјата, па сега апси кого стигне, вклучувајќи ги и студентите“.

Опозицискиот лидер и самиот беше уапсен двапати оваа година поради наводни клеветнички забелешки на сметка на Сата и за поттикнување насилство.

Протестите поради храна во 1990 година доведоа до соборување на владата на тогашниот претседател на Замбија, Кенет Каунда.

Би можело да ве интересира

Досегашниот претседател на Замбија ќе го почитува резултатот од изборите

А1он

Кенет Каунда, херој на Замбија и другар на другарот Тито, почина на 98 години

Жарко Настоски

Претседателот на Замбија помилува геј двојка

Ана Ололовска

Замбија го легализира производството и извозот на канаби

Ана Ололовска

Колера во Замбија, милион луѓе во Лусака чекаат вакцина од СЗО

Ана Ололовска

Претседателот на Замбија колабираше на подиум

Ана Ололовска