Уапсени двајца учесници во новогодишните напади во Келн

Од:

 Полицијата во Келн уапсила двајца осомничени за нападите врз стотици жени во Келн за Нова година. 

Според портпарол на јавното обвинителство, еден осомничен 26- годишен Алжирец е уапсен вчера во градот Керпен во близина на Келн а 31-годишен Ирачанец се предал доброволно на полицијата откако се препознал на снимките од настанот кои што беа дистрибуирани предходно во јавноста.

Алжирецот е обвинет за членство во насилна група, за во сексуални напади и обид за кражба, а Ирачанецот за вербално сексуално насилство врз една жена и нејзиното семејство.

По новогодишните напади во Келн полицијата доби над 1100 поплаки за инциденти од кои над 40 отсто се поврзани со сексуално насилство од вербални напади до силување. Најголемиот дел од напаѓачите биле по потекло од Северна Африка. Првите неколкумина осудени за нападите во Келн, кои што добија условни затворски казни, беа на возраст меѓу 18 и 23 години, а се од Мароко и Тунис.

Би можело да ве интересира

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он

Политико: Германската крајна десница користи вештачка интелигенција за да освои гласови

„Билд“: Напад кај споменикот на Холокаустот во Берлин, едно лице е тешко повредено

Германија: Не смееме сега да згрешиме и да му направиме услуга на Путин

Катерина Ѓуровски

И Германија е подготвена да испрати мировни трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски