Уапсени 12 мексикански полицајци поради убиство на 19 лица во близина на границата со САД

Од:

Полицијата во северниот дел на Мексико уапси 12 полицајци поради сомнеж дека учествувале во убиството на 19 лица во близина на границата со САД, соопшти денеска обвинителството.

– На местото на убиствата се пронајдени траги кои покажуваат дека во масакрот учествувале најмалку 12 државни полицајци, истакна обвинителот на мексиканската држава Тамаулипас, Ирвинг Бариос на прес-конференција.

Обвинителството на 12 јануари соопшти дека е пронајдено запалено возило со остатоци од 19 луѓе, од кои повеќето веројатно биле мигранти од Гватемала, кои се обиделе преку Мексико илегално да преминат во САД.

Би можело да ве интересира

Трамп ги паузира и царините за Канада

Трамп ги паузираше царините за Мексико

Силен земјотрес го погоди Мексико

Мексико најави одговор на царините од САД

Горан Наумовски

Мексико екстрадираше нарко-бос и 28 други осуденици во САД

Трамп ги одложи царините за Мексико

Горан Наумовски