Поранешна англиска манекенка се соочува со 20 години во озлогласен мексикански затвор под сомнение за шверц на дрога, открива Mail Online.
Џенифер Јонг беше уапсена додека се обидувала да прошверцува кетамин во вредност од над 250.000 фунти (околу 290.000 евра) на аеродромот во Канкун по пристигнувањето од Амстердам во август минатата година. Кај 33-годишната манекенка наводно биле пронајдени 13 килограми дрога скриени во пакетчиња и ампули во импровизираното лажно дно од куферот.
Јонг, која стана т.н „Мис Дерби“ кога имаше само 17 години, помина со месеци во затворот во Канкун пред да биде префрлена во затвор во близина на Мексико Сити во февруари. Таа, наводно, ја криела својата ситуација од семејството повеќе од шест месеци, кажувајќи ѝ на нејзината мајка Ангела со скршено срце дека едноставно „патува низ земјата“.
Сепак, таа конечно ја дозна вистината пред само пет недели кога нејзината ќерка не се јави да и честита роденден.
Мајката на манекенката вели дека се уште е во шок.
“Знаев дека Џени е во Мексико, но мислев дека патува. Само што дознав дека Џени е во затвор.. Мојот роденден е во март и каде и да е во светот, Џени ми се јавува на тој ден. „Овој пат не се јави, па се загрижив“, објасни нејзината мајка.
“Потоа добив порака од нејзината пријателка. Ја прашав каде е. После многу пораки, конечно ми кажа дека е во затвор. Не можев да верувам”, рече нејзината мајка која дури тогаш ја дознала целиот приказна. Таа за британските медиуми изјави дека нејзината ќерка Џенифер може да добие казна од 20 години затвор.
“Ми се јави од затвор. Имаше само пет минути и не знаеше дали некој слуша, па не зборуваше за тоа што се случи. Ми кажа дека ме сака”, рече мајката на поранешната манекенка.