Уапсен водач на ЕТА

Од:

Француската полиција уапси еден од водачите на баскијското сепаратистичко движење ЕТА, по кој се трага од 2010 година.

Хуан Марија Мухика се сомничи за планирање на ракетниот напад на тогашниот шпански премиер Хозе Марија Азнар во 2001 година.

Мухика е уапсен во близина на градот По во југозападна Франција во заедничка акција на француската и на шпанската полиција. Не бил вооружен и не пружал отпор.

За Мухика беше распишана меѓународна потерница во 2010 година, поради членство во организацијата ЕТА и илегално поседување оружје и експлозив за вршење кривични дела.

ЕТА минатата година објави конечен крај на своите оружени активности кои беа со цел на создавање независна баскиска држава, но не прифати да се разоружа и распушти. За 4 децении постоење, ЕТА е одговорна за повеќе од 800 убиства.

Би можело да ве интересира

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра