Египетскиот јавен обвинител нареди апсење на популарниот сатиричар Басем Јусуф поради вреѓање на исламот и претседателот Мохамед Moрси.
Извори од судот за АФП изјавија дека неколку жалби се поднесени против Јусуф, водител на неделното шоу “Albernameg”, во кое малку јавни личности се поштедени од неговиот остар хумор.
Јусеф, кој често го нарекуваат египетски Џон Стјуарт, по американскиот комичар, водител на “The Daily Show”, во неколку наврати се подсмеваше на владејачките исламисти, особено на Морси.
Зголемувањето на бројот на тужби против новинарите, фрли сенка врз ветувањето на египетскиот претседател за почитувањето на слободата на изразување, што беше клучното барање на учесниците на народното востание, со кое е соборен режимот на неговиот предходник Хосни Мубарак во 2011 година.