Портпаролот на „Муслиманско братство“, Гехад ел Хадад е уапсен во најновата серија апсења на високорангираните членови на исламистичкото движење, по државниот удар во Египет од 3-ти јули.
Првиот човек за контакт на „Муслиманското братство“ со претставниците на светските медиуми, Хадад е обвинет за поттикнување на убиство на демонстрантите. Тој е притворен со уште два члена на движењето, во стан во Каиро.
Тој беше шеф на кабинетот на Хаират ел Шатер, заменик лидер на „Муслиманското братство“ и син на Есам ел Хадад, помошник на отповиканиот египетски претседател, Мохамед Морси.
Елена Георгиевска