Уапсен поранешен руски полицаец поради убиство на 23 жени

Од:

Поранешен руски полицаец, осомничен за убиство на 23 жени во Источен Сибир во периодот меѓу 1994 и 1999 година, е уапсен откако повеќе од 18 години успевал да избегне судска постапка, соопшти рускиот Истражен комитет.

Уапсениот е поранешен полицаец од индустриското гратче Анграск, кој ја напуштил полицијата во 1998 година. Според комитетот, ДНК од мажот е откриена на телата на три од убиените жени.

Сите жртви, кои се жителки на Анграск, исчезнале во ноќни часови под исти околности. Нивните тела биле пронајдени во шумите околу градот, на локалните гробичта или покрај пат. Повеќето од нив биле голи, а по телата имале траги на насилство, се наведува во соопштението од Комитетот.

За време на истрагата полицијата направила ДНК-анализи од 3.500 лица и сослушала повеќе од илјада жители во реонот.

Би можело да ве интересира

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски