Британската полиција денеска во Лондон уапси вооружен маж со нож, кој утрово се судри со двајца полицајци пред Министерството за одбрана.
Полицијата неколку часа го имаше блокирано Вајтхол, каде се сместени неколку министерства, меѓу кои и Министерството за надворешни работи и Министерството за одбрана, како и канцеларијата и резиденцијата на премиерот Борис Џонсон.
Дваесет и деветгодишниот маж е приведен поради обид за убиство и поседување оружје и е во притвор во полициска станица во центарот на Лондон.
Полицијата соопшти дека инцидентот не е поврзан со тероризам.
Извор: МИА