Египетските власти со цел во потполност да се пресметаат со приврзаниците на отповиканиот претседател Морси, го уапсија главниот водач на Муслимански браќа, пренесе „Ројтерс“.
Седумдесетгодишниот Мохамед Бади е приведен во резеденцијалниот апартман во градот Наср, во североисточниот дел на Каиро.
На Фејсбук страната на египетскиот министер за внатрешни работи е објавена фотографија на Бади, како седи во автомобил, помеѓу две лица.
Според наводите на „Ројтерс“, судењето на Бади треба да започне на 25-ти август.
Елена Георгиевска