Египет: Уапсен братот на Ајман ал Завахири

Од:

Мухамед ал Завахири, брат на лидерот на терористичката мрежа Ал Каеда, Египѓанецот Ајман аз Завахири, е уапсен во Египет, пренесоа американските медиуми, повикувајќи се на претставник на силите за безбедност.


Мухамед аз Завахири, кој предводи ултраконзервативната Џихадистичка салафитска група, бил приведен на контролен пункт во градот Гиза, разместен на брегот на реката Нил наспроти престолнината Каиро.


Повеќе детали за приведувањето не се соопштуваат.


Групата на Мухамед аз Завахири проповеда цврста идеологија, но до 3 јули и соборувањето од власта на претседателот Мухамед Морси не беше надвор од законот.


Братот на лидерот на Ал Каеда беше политички сојузник на Морси, чии приврзеници протестираат и влегоа во крвави судири со силите за безбедност, во кои беа убиени стотици луѓе.


Претходно египетските власти соопштија дека Мухамед аз Завахири командувал со бунтовниците на нестабилниот Синајски полуостров, што граничи со Израел.

Би можело да ве интересира

Уште една држава сака да се приклучи на БРИКС, бара поддршка од Москва

Предраг Петровиќ

Египет го протера амбасадорот на Турција

Емир Латифовиќ

Египет: Конфликт поради леб, прерасна во крвна одмазда

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Мубарак префрлен во болница

Емир Латифовиќ

Уапсен лидерот на Муслимански браќа

Емир Латифовиќ

Мубарак на слобода

Емир Латифовиќ