Уапсен Индиец, кој се обидел жива да ја погребе сопствената ќерка

Од:

Индиската полиција соопшти денеска дека уапсила маж, осомничен дека се обидел жива да ја погребе сопствената девет годишна ќерка во североисточната држава Трипура, јави ДПА.

Полицијата добила сигнал од соседите, кои виделе завчера како мажот се обидува да ја погребе ќерката во дупка во задниот дел од куќата.

Според еден од соседите таткото му ги заврзал рацете на девојчето, му ја затворил устата и ја закопал до вратот.

Мажот е уапсен под обвинение за убиство со предумисла.

Девојчето е хоспитализирано во мошне тешка состојба. Мајката на детето не била во домот, досега се случувала трагедијата.

Соседите изјавиле дека таткото не сакал да има ќерка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати