Полицаец во Замбија е уапсен затоа што наводно ослободил повеќе од десетина затвореници од притвор за да ја прослават Новата година.
„Во вторникот наутро, додека бил во алкохолизирана состојба, детективот Титус Пири ги зел клучевите, ги отворил машките и женските ќелии и им наредил на затворениците да ги напуштат просториите, наведувајќи дека се слободни и дека можат да одат да слават Нова година“, се вели во соопштението на полицијата.
Покрената е потера по 13 затвореници кои избегале, вклучително и оние кои се соочуваат со обвиненија за напад, кражба и други кривични дела.
„Полициската служба на Замбија ја потврдува својата посветеност на одржувањето на редот и законот и ја уверува јавноста дека ќе бидат преземени мерки против секој службеник кој ќе ја злоупотреби својата овластување или ќе постапи спротивно на законот“, се додава во соопштението.