Уапсен британски болничар осомничен за канибализам

Од:

Британецот Дојл Болинџер (57) кој работи како болничар е уапсен во својот дом во Кантербери, во југоисточна Англија, под сомнение за учество во канибалски заговор.

Полицијата цели 15 часови го испрашуваше Болинџер, а изврши и детален претрес на неговата куќа, трагајќи по докази и во градината настојувајќи да најде закопани трупови.

Тој тврди дека е невин и дека ништо лошо нема направено, но болницата во која работи го суспендира откако беше осомничен од полицијата и кога во станот беа откриени фотографии со насилство врз деца.

Апсењето на овој Британец е поврзано со процесот што се води во Њујорк против американскиот полицаец Џилберто Вали, обвинет дека изел две жени.

Вали бил редовен посетител на Интернет страницата за сексуален фетишизам и за сексуално насилство и на неа често комуницирал со Британец кој се регистрирал на страницата како „Муди Блуз“.

Со британскиот истомисленик Вали разменувал мислење за киднапирање, силување, тортура и канибализам врз жени. Британскиот соговорник во една прилика се пофалил дека има изедено две жени, едната црна, а другата бела и му давал совети на Американецот како да го приготвува месото. Полицијата во Кантербери сега се сомнева дека соговорникот на Вали можеби е болничарот Болинџер.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот