„Тврдината“ падна, Украина изгуби уште еден град

Од:

Градот „тврдина“ Велика Новосилка, кој се наоѓа на самата граница на Донбас со Днепар и Запорожје, беше заземен од Русите.

Според грчкиот портал „Pronews.gr“, ова е последниот голем украински центар за логистичка поддршка во јужен Донбас.

Центарот на градот e окупиран од Русите, а неговиот јужен дел бил исчистен. Борбите продолжуваат во северниот дел, кој се очекува наскоро да биде „расчистен“, се наведува понатаму во извештајот.

Се проценува дека Русите сега имаат можност да нападнат два големи украински града, со над милион жители, Запорожје и Днепар.

Друг дел од руската армија, наводно, влегла во градот Авдривка, западно од Курахово, и веќе го окупирала западниот дел од градот.

„Како што се развиваат работите на украинскиот фронт, Русија во овој момент нема интерес да ја запре војната и тешко дека претседателот Трамп веднаш ќе се пoслуша“, оценува Pronews.gr.

Се нагласува дека Русија изгледа не се плаши од заканите на новиот американски претседател кон Русија, со воведување „суперсанкции“, и е подготвена да се бори најмалку уште една година.

„Ситуацијата не е толку акутна за да бара прекин на сите воени дејствија… Можеме да истраеме, и ако одбраната на Украина продолжи да колабира, како што е сега, попаметно би било да продолжиме за другата страна да се согласи со нашите услови“, велат Русите.

Според Татјана Станова, аналитичарка во институтот Карнеги, Путин ги гледа заканите на Трамп како дел од политичката игра.

„Тој не ги сфаќа сериозно… Тој е подготвен за секое сценарио и нема илузии дека може брзо да се постигне договор“, вели таа.

Би можело да ве интересира

Медведев: Русофобичен митинг против Трамп се одржа во Лондон

Трудо: Путин е лажго и криминалец на кој не може да му се верува

Катерина Ѓуровски

Фон дер Лајен: Европа мора итно да се вооружи, мора да се подготвиме за најлошото

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Светот на на историски крстопат, Европа мора да го понесе товарот, вели британскиот премиер

(ВИДЕО) Туск: 500 милиони Европејците молат 300 милиони Американци да ги заштитат од 140 милиони Руси

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во тек е клучниот состанок во Лондон: Ова е момент кој се случува еднаш во генерација

Катерина Ѓуровски