„Твитер“ нема да пренесува содржини на руските државни медиуми на просторот на ЕУ

Од:

Социјалната мрежа „Твитер“ соопшти дека ќе ги почитува санкциите што Европската унија ги воведе против руските државни медиуми „РТ“ и „Спутњик“ веднаш штом одредбата стане правосилна.

„Санкциите на ЕУ веројатно за нас ќе значат законска обврска да ограничиме одредени содржини во државите-членки. Планираме да ја испочитуваме одредбата веднаш штом таа стапи на сила, соопшти денеска портпарол на „Твитер“.

Еврокомесарот за внатрешен пазар на ЕУ, Тиери Бретон, вчера рече дека Европската комисија очекува до крајот на вчерашниот ден да бидат одобрени одлуките за забрана на објави на содржини на руските државни медиуми во државите-членки на Унијата.

„Твитер“ најави дека ќе продолжи со ограничувања на достапноста на тие содржини, како и со означување на истите за подрачјата надвор од ЕУ.

„Фејсбук“, „Гугл“, Јутјуб“ и „ТикТок“ исто така најавија дека ќе го блокираат пристапот до руските медиуми на своите платформи во рамките на ЕУ. „Мета“ во чие сопствеништво е и „Фејсбук“ вчера соопшти дека руските државни медиуми ќе бидат санкционирани и на глобално ниво.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот