Туту побара судење за Тони Блер и Џорџ Буш

Од:

Поранешниот надбискуп на Кејптаун, Дезмонд Туту денеска побара судење пред Меѓународниот кривичен суд во Хаг за Тони Блер и на Џорџ Буш, за воената интервенција во Ирак.

Во авторски текст во пролабуристичкиот лондонски неделник „Обзервер“, Туту ги обвини поранешниот британски премиер и американскиот претседател дека „излажале околу оружјето за масовно уништување“ на Ирак, што беше повод за почнување на интервенцијата, јавува дописникот на МИА од Лондон.

Според Туту, „прашањето не е дали Садам Хусеин бил добар или лош, или колку луѓе биле од него масакрирани, туку дека Блер и Буш не требаше да си дозволат да паднат на такво неморално ниво“, лажејќи околу Ирак и војната.

Некогашниот верски лидер во Јужна Африка тврди дека соборувањето на режимот на Садам Хусеин, пред повеке од девет години, „создаде услови за сегашната граѓанска војна во Сирија, како и за потенцијалниот општ блискоисточен судир, околу Иран“.

Ова е прв ваков остар напад на Туту кон поранешните политички лидери на Велика Британија и на САД околу ирачката војна, особено што доаѓа по толку долго време.

Туту и Блер се сретнаа во Јоханезбург во 2007 година, пред повлекувањето на тогашниот британски премиер од функцијата, на средба што мина во срдечна атмосфера, иако двајцата немаат исти гледања околу ирачката интервенција и војната во целина.

Дезмонд Туту е добитник на Нобеловата награда за мир за 1984 година, за својата мирна борба против апартхејдот и важи за мировен активист и поддржувач на сите левичарски движења.

Тони Блер денеска остро реагираше на обвинувањата на поранешниот надбискуп, опишувајќи ги како повторување на старите и веќе слушнати приказни.

 

-Бизарно е да се рече дека се ирелевантни илјадниците масакрирани Ирачани од Садам Хусеин, заради моралноста на неговото тргање од власта,изјави Блер.

 

Би можело да ве интересира

Путин: Не туркаат кон црвената линија, ќе мора да одговориме

Руте: Не сме подготвени за тоа што Путин го подготвува

Зеленски: Додека не влеземе во НАТО, може да дојдат странски трупи за да гарантираат безбедност за Украина

ВИДЕО: Трамп го кажа условот за САД да останат во НАТО

Катерина Ѓуровски

Украина испрати ултиматум до НАТО во врска со нејзиниот прием

Муцунски: Прерано е да се дискутира за прием на Украина во НАТО

А1он