Туск со закани за предвремени избори поради скандалот со неделникот „Впрост“

Од:

Полскиот премиер Доналд Туск се закани денеска со предвремени избори,доколку продолжи,како што рече, „кризата со недоверба“ во владата,по скандалот со неделникот „Впрост“.

Овој варшавски неделник,во својот последен број објави детали од тајно снимениот,приватен разговор во еден ресторан во Варшава,меѓу министерот за внатрешни работи Бартоломеј Сјенкјевич и гувернерот на Народната банка Марек Белка,околу следните парламенатерни избори во 2015 година.

Оперативци на полското контраразузнавање,синока,упаднаа во просториите на редакцијата на неделникот за да извршат претрес и да ги запленат компјутерите на новинарите.Заедно со оператиците бил и еден обвинител од Јавното обвинителство,но операцијата не успеала и ниту еден компјутер не бил земен,поради силниот отпор на новинарите. Главниот уредник на весникот Силвестер Латковски,денеска,сепак, тврди дека „била употребена физичка сила“ при обидот да му биде одземен редакцискиот лаптоп.

Тоа предизвика бурна реакција на опозицијата,а нејзиниот лидер Јарослав Качински ја обвини полската влада дека со интервенцијата на безбеднсните служби во неделникот,била извршена повреда на слободата на говорот и на изразувањето. Премиерот Туск на прес конференција во Варшава рече дека ако недовребата кон владата се зголеми,ќе мора да се одржат предвремени избори,за да се обезбеди стабилна владина позиција,но тој ги отфрли обвинувањата дека владата ја повредува слободата на говорот. Туск објасни дека Обвинителството го уверило оти целата операција во „Впрост“ била сосема легална и побра од весникот да го објави целиот приватен разговор за да се разбере за што навистина станува збор.

Тајно снимениот разговор е воден во јули минатата година и на него станува збор за тоа како Народната банка да и помогне на владата да се справи со високиот буџетски дефицит,за да на тој начин ги зголеми своите шанси за уште една изборна победа.

Во текот на разговорот,гувернерот Белка побарал сменување на тогашниот министер за финансии,што четири месеци подоцна и се случи,но премиерот Туск сега тврди дека промената на министерот „нема никаква врска“ со средбата на Сјенкјевич со гувернерот. Истрагата за објавувањето на приватната конверзација, е покрената од министерот за внатрешни работи Сјенкјевич кој во случајот е „жртва“ во новинарскиот напис.

Оперативците на тајната служба го испитувале и сопственикот на ресторанот,но засега нема други сознанија за овој новинарско-политички скандал. Доналд Туск и неговата десно-центристичка партија, победија по втор пат на изборите во Полска,во октомври 2011 година.

Би можело да ве интересира

Германија протера авганистанско семејство, Варшава го осуди овој потег како кршење на законот

Горан Наумовски

Избегната голема несреќа во Полска, полициско возило удри во спасувачки хеликоптер на автопат

Полска објави дека поддржува решение со две држави за Израел и Палестинците

Полска издвојува 375 милиони долари за зајакнување на оградата на границата со Белорусија

ВИДЕО: Изгоре огромен трговски центар со 1400 продавници во Вашрава

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски