Туск по синоќешниот прв ден на Самитот на ЕС: ЕУ не треба само да биде реактивни и дефанзивна во однос на Русија

Од:
Европската унија да не биде повеќе реактивна и дефанзивна во однос на Руската Федерација, а поради случувањата во Украина. Ова е пораката од синоќешниот прв ден од Самитот на Европскиот совет, што на прес-конференција по неговото завршување ја исткана новиот претседател на Советот, Доналд Туск.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Туск, кој за првпат го водеше состанокот на шефовите на државите и владите на змејите-членки на Европската унија по превземањето на местото на Херман ван Ромпуј, истакна дека е задоволен што имале многу добра, конкретна и искрена дискусија, фокусирана на двата најважни предизвици во Европа: зголемување на инвестициите и ситуацијата на источната граница.

Во однос на инвестициите, Туск посочи дека инјектирање на јавни и приватни пари во стратешки проекти е најдоброто нешто за забрзување на економското закрепнување во Европа. Поради тоа, утринава Совет повика брзо воспоставување на Европскиот фонд за стратешки инвестиции со цел да се поттикне подобра инвестициска клима во Европа.

– Лидерите се согласија да се продолжи со обезбедување на стабилни јавни финансии, да притиснат за структурни реформи и да ги исполнат нашите планови за енергетска унија, трговија, подобра регулатива и за дигитална економија, со фокус на инвестициите – истакна Туск.

Според првиот човек на Советот, целта на претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, кој е автор на Инвестицискиот план е да се мобилизираат 315 милијарди евра меѓу 2015 и 2017 година, па за да се постигне ова, лидери на ЕУ-земјите сакаат Фондот да стапи на сила до јуни следната година. Во тој дел и Европската инвестициска банка доби зелено светло да започне да го остварувавој дел од јануари 2015 година.

Според наследникот на Ван Ромпуј, во следните недели ќе се дискутира за посебното законодавство во овој дел и дека лидерите утринава го покажале правецот и поставиле временска линија. Тие, според Туск, не разговарале за било-каква географска и секторска дистрибуција, туку само како приватните инвеститори да се вратат на ветувачките проекти.

Во однос на ситуацијата на европската источна граница, претседателот на ЕС потврди дека имале дискусија за стратешките предизвици поставени од страна на Русија, за периодот од повеќе од една година од случувањата на Евро-Мајдан во Киев до потпишување на Протоколот од Минск и прекин на огнот.

– Ситуацијата во Украина останува драматична и динамична и бара итен одговор. Тоа е причината зошто ние сега дискутиравме само за давање финансиска помош на земјата. Во тој поглед испраќаме силен сигнал за нашата подготвеност да го сториме тоа. А, говоревме и за руската политика кон соседите и нашиот стратешки одговор. Лидерите ја споделија нивната анализа на ситуацијата, која е основа за заедничко разбирање на предизвикот и ќе се вратиме на ова прашање во март следната година  истакна Туск.

На синоќешниот Самит на Советот е заклучено дека нема да се најде на долгорочно перспектива за решение за Украина без соодветна, доследна и обединета европска стратегија кон Русија. Исто така, утврдено е дека модерна, безбедна и независна Украина е најважниот елемент на оваа стратегија. Во тој поглед, како што рече Туск, пристапот на ЕУ мора да биде во согласност со амбициите и потенцијалот на Унијата.

– Ние треба да одиме подалеку од тоа да бидеме реактивни и дефанзивни. Како Европејци, ние мора да ја вратиме нашата самодоверба и остварување на нашите сопствени сили – заклучи Туск, според кого синоќешниот Самит, кој заврши рано утринава, бил фокусиран и суштински и продолжува денеска со усвојување нза клучоците за проширувањето, каде меѓудругото е и Република Македонија.
А, по завршувањето на денешнито Самит на Европскиот совет, Доналд Туск е предвидено во 15:00 часот да оствари средба и со македонскиот премиер Никола Груевски.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ