Туск: Добив покана, но нема да учествувам на прославата во Москва

Од:

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск нема да учествува во прославата организирана во Москва по повод 70-годишнината од Победата во Европа, јави ТАСС.

– Добив покана. Нема да заминам, изјави Туск во денеска објавено интервју за полскиот весник „Газета виброча“.

Да присуствувам на воена парада, застанат до сегашните агресори и луѓе, што користат оружје против цивили во Источна Украина? Од моја страна, благо речено, тоа би било многу двосмислено, истакна претседателот на Европскиот совет.

Туск тоа го изјави во големо интервју, дадено за шест европски весници, полскиот „Газета виборча“, францускиот „Фигаро“, британскиот „Гардијан“, шпанскиот „Паис“, италијанскиот „Стампа“ и германскиот „Зидојче цајтунг“.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Ако Белорусија треба да избере, ќе застане на страната на Русија

Русија негира дека Келог бил исфрлен од преговорите на нивно барање

Русија: Продолжуваме со брз напредок во Курск

Драма во Полска: Туристи затрупани под снежна лавина, спасувачите не ја знаат точната бројка

Руте повика на нормализација на односите со Русија

САД тајно ги заоструваат санкциите против Русија