Туристите од Швајцарија евакуирани, пругата затрупана

Од:

Евакуацијата на околу 13.000 туристи кои останаа отсечени два дена во завејаниот ски-центар во Зермат, Швајцарија, продолжи и во текот на денешниот ден со хеликоптери.

Леталата беа единствена можност за евакуација откако беше затворен патот поради снежното невреме, а затрупана беше и железничката пруга што води до туристичкиот центар.

Полициски службеник во Зермат соопштил дека вчера биле префрлени меѓу 300 и 400 луѓе и дека евакуацијата продолжува.

Локалните службеници истакнуваат дека никој од туристите не е во опасност и дека ситуацијата е мирна. Се наведува дека многу улици се веќе исчистени, а кафулињата се отворени.

Скијањето и планинарењето во таа област се забранети.

Би можело да ве интересира

Советот на ЕУ го одобри влезот на Швајцарија во „воениот Шенген“

Се расипа жичарница во швајцарскиот ски центар, евакуирани се сите патници од гондолите

Криминалци разнесоа 25 банкомати во Швајцарија

ВИДЕО: Рекордно ниски температури во Швајцарија

Манекенката Кристина Јоксимовиќ ја убил сопругот, телото го мелел во блендер

Горан Наумовски

Јакин го продолжи договорот со Швајцарија

Предраг Петровиќ