Турција возврати на нападот на Сирија

Од:

Турската војска отвори артилериски оган врз цели во Сирија и на тој начин возврати на гранатирањето на турскиот град Акчакале, каде загинаа пет лица.

Ова го соопшти турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.

Во соопштението се наведува дека артилеријата дејствувала на цели во Сирија кои се утврдено со радарска анализа и дека се е направено во согласно со процедурата предвидена за вакви ситуации.

Во исто време НАТО соопшти дека стои позади својот член Турција и остор го осудува гранатирањето од страна на Сирија.

Се претпоставува дека гранатите кои ги испалила сириската војска, биле наменети за бунтовниците кои се наоѓале на границата со Турција. Покрај петте лица кои загинаа, ранети беа уште девет.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун ја повика сириската влада да го почитува територијалниот интегритет на своите соседи и предупреди дека конфликтот во Сирија кој трае веќе 18 месеци се повеќе им нанесува штета и на земјите во регионот.

Би можело да ве интересира

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години

Единаесет лица загинаа, а седум се повредени во експлозија во фабрика за експлозиви во Турција