Турција предлага продолжување на договорот за храна за една година

Од:

Турција ќе преземе иницијатива за продолжување на договорот за транспорт на жито преку црноморската рута за уште една година, изјави денеска турскиот министер за одбрана Хулуси Акар.

Договорот истекува на 19 ноември.

На крајот на јули претставници на Русија, Украина, Турција и ОН потпишаа пакет договори за транспорт на жито со кои се одредува динамиката за извоз на украински жито од пристаништата во Црното Море и предвидува укинување на ограничувањата за извоз на руски земјоделски производи на светските пазари.

Сепак, Москва повеќе пати тврдеше дека договорот не функционира во делот поврзан со руската храна и ѓубриво и предупреди дека украинското жито се испраќа првенствено во Европа, а не во сиромашните земји во Африка.

На крајот на минатата недела, по напад врз бродовите на руската Црноморска флота во Севастопол, Русија го прекина учеството во транспортот на жито, но повторно го активираше по преговорите со Турција и писмени гаранции од Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски