Турција почна со евакуација на повредените од Појасот Газа

Од:

Турската Влада почна акција за пренесување на повредените Палестинци од Појасот Газа во Турција на лекување, изјави денеска турскиот премиер и новоизбран претседател Реџеп Таип Ердоган.

-Почнавме со пренесување на нашите повредени палестински браќа во Турција, изјави Ердоган во првото обраќање во јавноста, откако официјално е прогласен за победник на претседателските ибзори во Турција.

Ердоган не соопшти повеќе детали, но според турските медиуми хеликоптери за транспорт на повредените се упатени кон Појасот Газа.

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу претходно изјави дека официјална Анкара работи на воспоставување воздушен коридор за транспорт на тешко повредените Палестинци во Турција.

Би можело да ве интересира

Ердоган пред Генералното собрание на ОН повика на сојуз на човештвото за да се запре геноцидот во Газа

ВИДЕО: Израелската војска упадна во канцеларијата на Ал Џезира на Западниот Брег со наредба за затворање

Хезболах го изврши најдлабокиот напад во Израел од почетокот на војната

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Иран претстави оружје што ги прави работите на Блискиот исток понеизвесни

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Втор бран напади во Либан, сега воки-токи експлодираат

Почнува одмаздата кон Израел: Испукани ракети

Предраг Петровиќ