Турција: ПКК контролира 80 отсто од наркопазарот во Европа

Од:

Курдската работничка партија (ПКК) контролира 80 проценти од нарко пазарот во Европа, се наведува во извештајот на турската полиција, додавајќи дека таа годишно заработува по 1,5 милијарди долари само од производство на хероин во северниот дел на Ирак.

Во текстот се додава дека Турција е меѓу земјите кои се директно засегнати од наркомрежата на ПКК поради нејзината географска положба и младото населени, но и затоа што е користена од групата како транзитна држава.

Хероинот, кој се произведува во Азија, се транспортира на Запад, а синтетичката дрога, произведена во Европа, се пренесува преку Турција во арапските земји, се нагласува во полицискиот извештај.

Трговијата со дрога е еден од главните извори за приходи на ПКК. Групата, која води вооружени борби против турската држава од 1984 година, е прогласена за терористичка организација од страна на Анкара, ЕУ и САД.

Би можело да ве интересира

Европа има три недели да се договори за условите за капитулација на Украина

Орбан: Европа не е тоа што беше, иднината е во другите региони

„Билд“: Американските војници се повлекуваат од Европа

Мрачна прогноза на Медведев за Европа

Горан Наумовски

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он