Турција не сака дијалог со Сирија

Од:

Турција не сака да води дијалог со сирискиот режим кој продолжува да го масакрира својот народ, изјави турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу

„Нема никаква смисла да се води дијалог со режим кој продолжува да го масакрира својот народ и во текот на празникот“, изјави Давутоглу, коментирајќи го апелот на рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров да започне дијалог со Дамаск.

Давутоглу додаде дека Турција нема да направи ништо што како последица би можело да биде давање легитимитет на властите во Сирија.

Повеќе од 500 луѓе загинаа во насилствата во Сирија во текот на муслиманскиот празник Курбан Бајрам, без разлика на тоа дека и двете завојувани страни се обврзааа на примирје.

Турција, каде што во моментов се наоѓаат 108 илјади сириски бегалци, ги прекина дипломатските односи со Сирија, по почетокот на судирот во таа земја и им пружи поддршка на бунтовниците.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Мора да бидеме подготвени на сите сценарија

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски