Турција најави продолжување на операцијата и покрај предупредувањата од САД

Од:

Министерството за надворешни работи на Турција соопшти дека воената операција во Сирија „решително“ ќе продолжи и покрај предупредувањата од САД за можни санкции.

Портпаролот Хами Аксој рече дека Анкара ги известила САД на сите нивоа за нејзината операција против сириските курдски борци.

– Турција се бори против терористичка организација што претставува закана за нејзината национална безбедност и таа борба одлучно ќе продолжи, рече Аксој.

Одговарајќи на прашање за заканата од санкциите од САД, Аксој изјави дека „никој не треба да се сомнева дека за сè ќе биде целосно реципрочно одговорено“.

Американскиот министер за финансии Стивен Мнучин ја предупреди Турција дека може да се соочи со „моќни санкции“ поради сириската офанзива и дека САД ќе ја „згаснат турската економија“ доколку Анкара претера со акциите во Сирија.

Единиците на сириските Курди беа сојузници на САД во борбата против терористичката Исламска држава, но Турција ги смета за терористи заради врските со курдските бунтовници во Турција.

Би можело да ве интересира

132 лица загинаа во конфликтот меѓу режимските сили и џихадистите во Сирија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел