Турција ја откажа посетата на шведскиот министер за одбрана

Од:

Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар рече дека планираната посета на неговиот шведски колега на Анкара е откажана откако шведските власти дозволија протести во Стокхолм.

„Во овој момент, посетата на шведскиот министер за одбрана Пал Џонсон на 27 јануари стана бесмислена. Затоа, ја откажавме посетата“, рече Акар.

Шведскиот министер за одбрана Џонсон планираше да отпатува за Анкара следната недела на покана на неговиот турски колега, бидејќи нордиската земја се надева да ја натера Турција да ја ратификува својата кандидатура за членство во НАТО. Акар рече дека со претседателот Тајип Ердоган разговарал за недостигот на акција за протестите во Шведска против Турција и ја пренесе својата реакција до неговиот шведски колега на маргините на состанокот на контакт групата за одбрана на Украина.

„Неприфатливо е да не се преземе чекор и да се реагира на протестите. Требаше да се направат неопходни работи, да се преземат мерки“, рече Акар.

Турција вчера го повика шведскиот амбасадор затоа што властите дозволија протест планиран за денеска до турската амбасада во Стокхолм, каде треба да биде запален Куранот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски