Турција и се заканува на Сирија

Од:

Сириските сили за безбедност го бомбардираат Хомс. Жителите на градот тврдат дека е во тек најжестокиот напад на артилеријата и авијацијата од почетокот на судирот.

Истовремено, турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган ја предупреди Сирија да да го искушува трпението на Анкара да возврати на нападите на својата територија. „Тестирањето на нашата одлучност би била голема грешка“, рече Ердоган. Попладнево Турција распореди тенкови и противавионски проектили на границата со Сирија.

Советот за безбедност на ОН го осуди сирискиот минофрлачки напад на турскиот град Акчакале во кој загинаа пет луѓе. Поостар тон спречи Русија која не дозволи сирискиот напад да се нарече закана по „меѓународниот мир и безбедност“.

Турскиот парламент одобри воена акција во Сирија, но премиерот Реџеп Таип Ердоган истакна дека неговата земја нема намера да влезе во војна со Сирија.

Би можело да ве интересира

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он