Турција и Русија постигнаа договор за Идлиб

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и неговиот руски колега Владимир Путин денеска во Москва по повеќечасовни разговори постигнаа договор за решавање на кризата во сириската провинција Идлиб, објави вечерва турскиот весник „Сабах“.

– Блиските лични односи меѓу лидерите на Руската Федерација и Турција ни овозможуваат да најдеме заеднички пристапи за решавање на меѓународните проблеми, изјави Путин, цитиран од ТАСС. Тој додаде дека разговорите за Сирија се завршени во позитивна насока.

Путин истакна дека „Русија и Турција најдоа прифатливи решенија за проблемот во сирискиот Идлиб“.

– Москва и Анкара договорија документ за заедничко регулирање на ситуацијата во Сирија, нагласи рускиот претседател.

Тој очекува дека „договорот на руско-турската средба на врвот во Москва треба да стави крај на страдањата на цивилите во Сирија“.

– Преговорите со Ердоган не беа лесни, но завршија позитивно, додаде Путин.

Турската и руската делегација спроведоа дипломатски преговори за потенцијален прекин на огнот во северниот дел на Сирија.

Средбата се одржа во услови на зголемени тензии во северниот дел на Сирија, провинцијата Идлиб. Речиси тричасовната средба меѓу двајцата претседатели беше проследена со состанок меѓу делегациите, што вкупно траеше околу шест часа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години