Турција го врати својот амбасадор во Берлин

Од:

Турскиот амбасадор во Берлин Хусеин Авни Карсиоглу денеска во германското МНР се сретнал со заменикот министер Маркус Едер, што во германските медиуми се толкува како „значаен чекор во нарушените дипломатски односи меѓу Германија и Турција“, пренесува дописникот на МИА од Берлин.

Карсиоглу од Берлин беше повлечен пред 4 месеци, во знак на протест откако Бундестагот ја усвои резолуцијата со која убиствата на Ерменците од Отоманската империја во првата светска војна беа прогласени за геноцид.

Претходно, турските власти по 4 месеци одбивање дозволија делегација на германски пратеници да ги посети војниците на Бундесверот во воената база Инџирлик.

Би можело да ве интересира

„Билд“: Напад кај споменикот на Холокаустот во Берлин, едно лице е тешко повредено

Демонстрации во Берлин против екстремната десница, се собраа околу 160.000 луѓе

А1он

Таен дипломатски извештај содржи остри критики за новиот американски претседател Доналд Трамп

Спречен е напад на израелската амбасада во Берлин, уапсен е Либиец

Германија: Спречен можен терористички напад во Берлин

„Франкфуртер алгемајне цајтунг“: Путин фрли бомба врз Берлин