Турција го повлече својот амбасадор од Египет

Од:

Турција го повлече својот амбасадор во Египет на консултации, соопшти претставник на турското Министерство за надворешни работи.

Одлуката доаѓа по острата осуда од страна на Анкара на крвопролевањата во Египет по судирите меѓу силите за безбедност и приврзениците на соборениот претседател Мoхамед Морси, пренесе ИТАР-ТАСС.

Одлуката за отповикување на амбасадорот е донесена по консултациите меѓу премиерот Реџеп Таип Ердоган и министерот за надворешни работи Ахмет Давутоглу.

Турција е една од најжестоките меѓународни критичари на, според нејзе, „недозволивиот преврат“, откако египетската армија го собори Морси на 3 јули.

Анкара го повика Советот за безбедност на ОН да дејствува во правец на запирање на крвопролевањата во Египет.

Малку подоцна и Египет соопшти дека, исто така, го повлекува својот амбасадор во Турција на консултации.

Соопштението беше дадено преку државната агенција Мена, без наведување на повеќе детали.

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет