Турција: Експлозија на гасовод

Од:

Во експлозијата на гасовод на истокот на Турција, преку кој се пренесува природен гас од Иран, повредени се 28 војници.

Дотокот на гас е прекинат, а засега не се познати причините за вчерашната експлозија во областа Елескрита, град во провинцијата Агра, јавува Ројтерс.

Не е познато ни кога дотокот на гас ќе биде повторно воспоставен.

Војниците се повредени бидејќи во моментот на експлозија, поминувале со воено возило покрај гасоводот.

Дотокот на гас од Иран веќе беше прекинат порано овој месец, исто така поради експлозија, а повторно е воспоставен по една недела.

 

Би можело да ве интересира

Ердоган: Мора да бидеме подготвени на сите сценарија

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски