Турската армија соопшти дека извршила воздушни напади врз цели на Курдската работничка партија (ПКК) во северен Ирак, јави новинската агенција Анадолија.
Нападите биле извршени врз позиции на ПКК во областите Зап, Авашин Басјан и Хакурк.
Притоа биле уништени бункери и борбени позиции на ПКК, која со децении води герилска борба против Турција и е прогласена за терористичка организација и од САД и Европската унија.
Изминатите месеци Турција изврши серија операции против силите на сириските Курди, кои потоа ги продолжи и против курдските борци во северен Ирак.