Канадскиот премиер Џастин Трудо за германскиот весник „Билд“ изјави дека лидерите на земјите од Г-20 ќе му предочат на американскиот претседател Доналд Трамп дека тој треба да биде пример за поддршка во борбата против климатските промени.
– Пред него ќе изјавам дека е важно да ја преземе водечката улога во справување со климатските промени и во создавањето на добри работни места, истакна Трудо.
Трамп минатиот месец одлучи САД да се повлечат од Парискиот договор за климатски промени .