Трудо не сакаше директно да го обвини Трамп за протестите во САД

Од:

Канадскиот премиер, Џастин Трудо избегна директно да го критикува американскиот претседател, Доналд Трамп за неговата реакција на протестите во САД.

Тој рече дека Канаѓаните се „запрепастени и со ужас“ гледаат што се случува во Америка.

На прашањето да ја коментира наредбата на американскиот претседател за употреба на воена сила и солзавец против демонстрантите за да одржи фотосесија со медиумите, Трудо, кој инаку е познат по брзите одговори, молчеше 21 секунда, јавуваат светските агенции.

По долгата пауза, канадскиот премиер одговори со избегнување на директно споменување на Трамп.

– Сите со запрепастеност и ужас гледаме што се случува во САД. Време е луѓето да се обединат, одговори Трудо.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нијагарините водопади обоени во црвено-жолта боја во спомен на жртвите во катастрофалниот пожар во Кочани

Катерина Ѓуровски

НАТО ќе побара од Европа и Канада да ги зголемат воените капацитети за 30 отсто

Горан Наумовски

Канада денеска ќе објави контра царини за САД

Горан Наумовски

Не ни требаат вашите автомобили, дрво и нафта, набрзо ќе видите – Трамп им се закани на Канаѓаните

(ВИДЕО) Новиот канадски премиер одма го нападна Трамп: САД да покаже почит

Кина воведува царини за Канада