Трудо најавува активирање посебни овластувања на федералната влада поради протестите

Од:

Канадскиот премиер Џастин Трудо ќе ги информира премиерите на канадските провинции за неговата намера да ги активира специјалните овластувања на федералната влада со цел да се стави крај на протестите кои блокираа некои гранични премини со САД и парализираа делови на Отава, главниот град на Канада.

Според Си-Би-Ес Њуз кои цитираат неименувани извори, премиерот Трудо објавил дека планира да се повика на Законот за вонредни ситуации, ретко користена законска опција што и дозволува на федералната влада да воведе специјални привремени мерки за безбедност во провинциите во вонредни случаи во кој било дел од државата.

Тоа овластување досега го искористи еднаш таткото на Трудо, Пјер Трудо поранешн премиер, за време на таканаречената „октомвриска криза“ од 1970 година. Оваа одредба двапати се активираше во текот на двете светски војни како правен акт за воени мерки.

Премиерот на Онтарио, Даг Форд, денеска најави дека најнаселената канадска провинција ќе ја укине регулативата за задолжително поседување потврда за вакцинација против Ковид-19 за две недели, но не поради протестите што ја блокираа границата и ја парализираа Отава туку затоа што „тоа е безбедно“.

Во Канада, пак, има зголемување на бројот на случаи на инфекции со сојот Омикрон на коронавирусот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Девојка изгорела во индустриска печка во Волмарт, нејзиното тело го пронашла нејзината мајка

Канада ги повлекува децата на своите дипломати од Израел

Горан Наумовски

Канада ја прогласи Иранската револуционерна гарда како терористичка организација

Пукање во Торонто, тројца мртви, меѓу нив e и убиецот

Канаѓаните се предупредени: Не користете TikTok

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто