Трудо најави примена на ретко користениот Закон за вонредни ситуации во Канада

Од:

Канадскиот премиер Џастин Трудо најави дека ќе ги активира ретко користените овластувања за итни случаи за да стави крај на протестите кои ги блокираа граничните премини и парализираа делови од главниот град.

Протестите наречени „Конвој на слободата“ ги почнаа канадските возачи на камиони во спротивставување на мерките со кои се бара од возачите на камиони кои ја минуваат границата или да бидат вакцинирани или ставени во карантин, а сега им се приклучија и други противници на политиката на Трудо.

-Блокадите и штетат на нашата економија и ја загрозуваат јавната безбедност, рече Трудо на прес-конференција.

„Не можеме и нема да дозволиме продолжување на незаконските и опасни активности“, додаде тој.

Полицијата во неделата ја укина шестдневната блокада на мостот „Амбасадор“, што минува низ главната трговска маршрута до Детроит. Но, во пограничните градови Виндзор, Онтарио и главниот град Отава, протестите влегуваат во својата шеста недела и расте незадоволството меѓу критичарите кои сметаат дека полицискиот пристап е премногу благ кон демонстрантите.

Законот за вонредна состојба ѝ дозволува на федералната влада да примени специјални привремени мерки за да обезбеди безбедност во итни случаи. Законот досега е имплементиран само еднаш, во 1970 година, а спроведе таткото на Трудо, премиерот Пјер Трудо.

Премиерите на Алберта, Квебек, Манитоба и Саскачеван се спротивставија на законот, велејќи дека тој е непотребен.

Трудо рече дека мерките ќе бидат „географски ограничени, насочени само кон оние места каде што е потребна нивна примена“ и „временски ограничени“.

Примената на законот ќе треба да биде одобрена од канадскиот Парламент, што, исто така, има овластувања да го отповика.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Девојка изгорела во индустриска печка во Волмарт, нејзиното тело го пронашла нејзината мајка

Канада ги повлекува децата на своите дипломати од Израел

Горан Наумовски

Канада ја прогласи Иранската револуционерна гарда како терористичка организација

Пукање во Торонто, тројца мртви, меѓу нив e и убиецот

Канаѓаните се предупредени: Не користете TikTok

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто