Трудо најави предвремени избори во Канада наесен

Од:

Канадскиот премиер Џастин Трудо најави предвремени општи избори во период кога земјата влегува во четвртиот бран на пандемијата на коронавирус.

Според испитувањата на јавното мислење, либералнана малцинска влада предводена од Трудо има шанси да добие мнозинство гласови во овој момент.

49-годишниот либерален лидер рече: „Канаѓаните мора да изберат како да ја добијат борбата против Ковид-19“.

Канаѓаните ќе гласаат на 20 септември, околу две години порано од редовните избори.

Опозициските партии ги критикуваа либералите дека распишуваат избори за време на нов бран на пандемијата, само заради сопствена „политичка корист“.

Би можело да ве интересира

Канада веднаш воведe царини од 25 отсто за увоз од САД

Што ќе значат новите царини за економиите на САД, Канада и на Мексико

Катерина Ѓуровски

Канада може да го прекине пристапот на САД до енергенси

ВИДЕО: Трамп воведе нови царини за Канада и Кина,Трудо и Џипинг веднаш возвратија

Катерина Ѓуровски

Канада најави брз одговор на заканите од Трамп

Повеќе од 150.000 Канаѓани потпишаа петиција за одземање на канадското државјанство на Маск