Потврдени се 52 случаи на лица заболени од тропска треска на португалскиот архипелаг Мадеира, а 404 лица веројатно се заразени од болеста што ја пренесуваат комарците, изјавија претставници на здравствените власти.
Два случаи на тропска треска, која ја карактеририза неподносливата болка во телото, беа регистрирани во Франција, кај лица што се враќале од Мадеира.
По еден случај е регистрирани во Шведска и во Велика Британија.
Европскиот центар за превенција и контрола на болестите, кои ги набљудува болестите во Европската унија, соопшти дека засега не препорачува никакви ограничувања за патувањата во Мадеира, но на лицата што сакаат да патуваат за таа дестинација им препорачува да преземат мерки за заштита од убоди од комарци.