Тропска бура покрај брегот на Мексико

Од:

Тропската бура Марио се формираше денес покрај тихоокеанскиот брег на Мексико и се очекува да донесе ветер, дожд и можни ненадејни поплави, соопшти Националниот центар за урагани на САД.

Во метеоролошкиот извештај бурата Марио е опишана како мини“ бура, објавува ABC News.

Предупредување за тропска бура е во сила за делови од мексиканската држава Мичоакан.

Националниот центар за урагани со седиште во Мајами соопшти дека епицентарот на бурата Марио се наоѓал околу 64 километри југозападно од Сихуатане, Мексико, и околу 97 километри југоисточно од Лазаро Карденас, објавува Танјуг.

Би можело да ве интересира

Страшна бура во Португалија и Шпанија – шестмина загинати, еден милион корисници без електрична енергија

А1он

Најмалку педесетина жртви низ САД во зимскaтa бурa што ја погодија земјата

Бура во Обединетото Кралство, стотици училишта затворени, главните патишта блокирани

Масакр на фудбалски стадион во Мексико – убиени се најмалку 11 лица

Горан Наумовски

ВИДЕО: Американската војска ќе спроведува операции против картелите во Мексико, најави Трамп

Катерина Ѓуровски

Шајнбаум му одговари на Трамп: Мексико е суверена земја