Тројца загинати во судар на автобус со товарен воз

Од:

Најмалку тројца француски државјави загинаа во источниот дел на Доминиканската Република, кога автобусот во кој што се возеле се судрил со товарен воз. Во несреќата се повредени 15 патници, а се случила на околу 160 километри источно од главниот град Санта Доминго.

Автобусот со 30 француски туристи и двајца локални водачи, удрил во возот кој пренесувал шеќерна репа, пренесуваат агенциите. Загинатите се двајца мажи и една жена, а се претпоставува дека патувале кон познатото одмаралиште Пунта Кана. Сеуште се испитуваат причините за несреќата.

Би можело да ве интересира

Велосипедист загина во Нови Сад, го прегази камион

А1он

Четворица повредени во сообраќајка на патот Скопје-Куманово

Горан Наумовски

Тешка сообраќајка во Сплит, повредени се пет деца

Две сообраќајки во Автокоманда, оштетени се пет возила

Горан Наумовски

Во близина на Битола, „поло“ излета од патот, тешко повреден е возачот

Македонски камионџија се судри со автомобил во Албанија, има жртви

Предраг Петровиќ