Три лица загинаа во пад на хеликоптер на рускиот Далечен Исток, во регионот Амур, објавија властите денес, пренесува Анадолу.
Приватниот хеликоптер од типот „Робинсон“, кој исчезна од радарите претходно во текот на денот, е пронајден без преживеани, според соопштението за медиумите на владата на регионот Амур.
„Во регионот Амур е завршена потрагата по хеликоптерот што исчезна во округот Ромнен. За време на операцијата за пребарување и спасување, пронајдени се и местото на падот и телата на трите жртви“, се наведува во соопштениетo.
Претставниците на властите упатија сочувство до семејствата и роднините на жртвите.
Покрената е истрага за околностите на несреќата.
Причината за падот не е прецизирана.
Сепак, Обвинителството за транспорт на Источен Сибир во посебна изјава вели дека е утврдено дека хеликоптерот му припаѓал на загинатиот пилот, кој немал дозвола за управување со тоа летало.
Исто така, беше наведено дека хеликоптерот не бил официјално регистриран во согласност со пропишаните процедури.
