Тројца загинати од тајфун во Јапонија

Од:

Три лица загинаа, петмина се водат како исчезнати, а 138 се повредени при ударот на силниот тајфун Ман-и на јапонскиот остров Хоншу.

Оштетени се најмалку 274 куќи, а без електрична енергија останале 27.000 семејства во 17 префектури. Во некои реони има проблем и со мобилните врски. Поради силниот ветер откажани се над 600 домашни летови.

Тајфунот се движи североисточно над островот Хоншу. Според метеоролошките прогнози се очекува тој подоцна да го зафати источниот брег на најсеверниот јапонски остров Хокаидо, како и Курилските Острови.

Јапонската метеоролошка служба ги предупреди жителите на северна Јапонија да бидат внимателни и да очекуваат поплави и лизгање на земјиштето.

Поради поројните дождови во западниот дел од земјата властите евакуирале околу 400.000 луѓе.
Ман-и е 18-тиот тајфун во оваа сезона.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови